Работнички се уште се надева на опстанок, минимално го совлада Арсими

Фудбалерите на Работнички забележаа минимална победа од 1-0 над Арсими во последниот меч од 22-рото прволигашко коло, воедно и последно од вториот круг.

Стрелец на единствениот гол беше 20-годишниот Никола Манојлов во 66-тата минута, откако најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник.

Арсими иако беше поразен, сепак, ги имаше подобрите прилики на гол на мечот, но голманот на Работнички, Фабрис Ондоа, беше нерешлива загатка за гостите.

Работнички и покрај победата останува на претпоследното, 11-то место на прволигашката табела со 16 бода, но и заостанување од седум бода од зоната која носи бараз за опстанок. Арсими останува на осмото место со 26 бода.

- Оглас -

Најнови вести