Најдобриот тенисер на АТП-листата, Шпанецот Карлос Алкарас, без никакви проблеми го започна настапот на Вимблдон и со максимални 3-0 го совлада Жереми Шарди од Франција.
Шпанецот првите два сета ги доби лесно со 6-0 и 6-2, додека противникот, кој е 542-ри на АТП-листата најголем отпор пружи во третиот сет, кој му припадна на Алкарас со 7-5.