Вардар или Шкендија, кој има подобар распоред до крајот на сезоната?

До крајот на првенството во македонската фудбалска лига има уште шест кола, но веќе е јасно дека борбата за титулата се сведува само на две екипи. Струга ТЛ вчера дома загуби од Тиквеш со 1:2 и остана на 56 бода, дури девет помалку од лидерот Вардар, па јасно е дека стружани се исфрлени од трката за пехарот.

Единствен кој држи чекор со лидерот Вардар е Шкендија. Тетовци имаат само еден бод помалку од најтрофејниот македонски клуб и сигурно до крајот на сезоната ќе атакуваат на одбрана на титулата која ја освоија лани.

До крајот на сезоната остануваат уште шест кола, а Вардар и Шкендија покажаа дека се речиси со израмнет квалитет. Во двата меѓусебни дуела сезонава победуваа гостинските екипи. Најпрво во есенскиот дел Вардар со гол од пенал славеше со 1:0 во Тетово, а потоа Шкендија возврати во Скопје и победи со 1:0.

Двата тима имаат по 20 победи сезонава, но Вардар е прв затоа што има едно реми повеќе од Шкендија (пет наспрема 4). Двата тима имаат примено по 20 голови, а Вардар има малку подобар напад со 58 дадени погодоци, додека тетовци се израдувале на 55 постигнати голови.

Според распоредот, и Вардар и Шкендија ќе играат по три меча на свој терен и трипати ќе бидат гости. Ако не киксираат драстично и ако разликата меѓу двете првопласирани остане само во три или помалку бодови, прашањето за шампион ќе се решава во последното 33-то коло, кога Вардар на арената „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на Шкендија.

ЕВЕ ГО РАСПОРЕДОТ НА ДВЕТЕ ПРВОПЛАСИРАНИ ЕКИПИ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

28-мо коло: Шкупи – Вардар, Тиквеш – Шкендија

29-то коло: Вардар – Тиквеш, Шкендија – Башкими

30-то коло: Башкими – Вардар, Силекс – Шкендија

31-во коло: Вардар – Силекс, Шкендија – Струга ТЛ

32-ро коло: Струга ТЛ – Вардар, Шкендија – Брера

33-то коло (23 мај): Вардар – Шкендија.

- Оглас -

Најнови вести