Алкарас го делат две победи за да се израмни со Новак, познато е кој ќе биде прв тенисер на светот во таков случај

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас продолжува со одличните игри по враќањето на теренните по повредата и утринава ја забележа седмата победа по ред.

Алкарас во четвртфиналето на турнирот во Рио де Жанеиро, во два сета со 6:4,7:6 го победи Србинот Душан Лајовиќ. Противник во полуфиналето ќе му биде Чилеанецот Николас Жари кој во четвртфиналето беше подобар од Аргентинецот Баес со 6:3, 7:6.

Доколку ја освои титулата, Алкарас ќе се израмни по бројот на бодови на АТП ранг-листата со Новак Ѓоковиќ, и двајцата би имале 6980 поени. Во тој случај, Новак ќе го задржи првото место на ранг-листата. Доколку двајца тенисери имаат ист број на бодови, се гледа кој тенисер освоил повеќе поени на гренслем турнирите и на мастерсите.

Токму Новак славеше на првиот годинешен гренслем турнир, Отвореното првенство на Австралија и поради тоа ќе остане прв тенисер на АТП ранг-листата доколку Алкарас триумфира во Рио де Жанеиро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести