Алкарас го победи Синер во првото тениско шоу во 2026 година

Двајцата најдобри тенисери, Карлос Алкарас и Јаник Синер го одиграа првиот меѓусебен меч во 2026 година. На егзибициски меч кој се одигра во Јужна Кореја, на крајот Алкарас славеше со 7:5, 7:6(6), во меч кој траеше речиси два часа.

Без разлика кој победи, а кој загуби, двајцата тенисери ќе заработат по два милиони евра за овој меч, кој доаѓа само 55 дена по нивната последна пресметка на АТП завршницата.

Следниот голем предизвик за двајцата тенисери ќе биде првиот гренд слем турнир, а тоа е Австралија опен. Победникот на Австралија опен ќе заработи 3,6 милиони евра, што само покажува колку голема сума заработија денеска двајцата тенисери за играње еден егзибициски дуел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести