Второрангираниот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкарас, смета дека во моментов нема јасен фаворит на турнирите на земјена подлога. Според него, неколку играчи би можеле да бидат во борба за титулите.
„Има многумина тенисери кои можат да му дадат шарм на секој турнир. Во моментов има 6-7-мина играчи кои се способни да победуваат турнири на земја. Не сакам да се ставам себеси како прв фаворит во сезоната на земјена подлога, влегувам на турнирите со најмали можни очекувања. Сакам да се фокусирам на она што ми е важно: излегувам на теренот и се забавувам“, изјави Алкарас.
„Живееме во одличен момент, многу млади играчи веќе освојуваат големи титули. Видовме што направи Меншик во Мајами, а Жоао Фонсека е неверојатен за неговите години. Го запознав Артур Фис во Монте Карло и бев импресиониран од неговата сила и физика“, вели Алкарас.
Алкарас во моментов игра на турнирот во Барселона со амбиција да ја повтори својата круна од преклани (лани не играше, па нема пораз во Барселона уште од 2021), а дека е во добра форма на земја, потврди и со титулата на Мастерсот во Монте Карло.
Меѓу конкурентите на Алкарас во Барселона се издвојуваат: Каспер Руд, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Алекс Де Минор и Холгер Руне.