Алкарас не е толку успешен во приватниот живот како што е на тениските терени

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас на новинарите им откри дека нема толку успеси во приватниот живот за разлика од тенисот, каде што моментно е на второто место на АТП ранг-листата.

Алкарас за магазинот „Вог“ откри дека има проблеми да си најде девојка бидејќи постојано патува поради настапите на турнирите низ целиот свет. Тој моментно настапува на турнирот во Рио де Жанеиро, Бразил, каде што е прв носител и е главен фаворит за триумф.

„Комплицирано е бидејќи никогаш не се задржувам подолго на едно место. Тешко е да ја пронајдете вистинската личност со која можете да ги делите работите. Посебно ако се наоѓате на различни страни од светот. Сингл сум повеќе од 18 месеци“, изјави Алкарас за магазинот „Вог“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести