Алкарас остана кус за еден гем, Зверев во полуфиналето ќе игра против Тејлор Фриц

Германскиот тенисер Александар Зверев го победи Шпанецот Карлос Алкарас со 2-0 во сетови (7-6, 6-4) во третото коло од групната фаза на завршниот Мастерс во Торино, обезбедувајќи пласман во полуфиналето.

Мечот траеше два часа и донесе возбудлива борба, особено во првиот сет. Со овој пораз, Алкарас го завршува настапот на турнирот, откако во ранкингот остана покус за еден гем.

Првиот сет не донесе брејкови, па заврши во тај-брејк каде што Зверев беше поуспешен, освојувајќи го сетот по три сет-топки.

Во вториот сет, Алкарас имаше мал пад во играта, губејќи го својот сервис на почетокот. Тоа го искористи Зверев, кој ја задржа контролата до крајот на мечот и славеше победа од 2-0 во сетови.

Во полуфиналето, Зверев ќе се соочи со Тејлор Фриц, што ветува уште еден интересен дуел на турнирот во Торино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести