Алкарас отворено застана против Новак Ѓоковиќ

Мастерс турнирот во Мајами е во фокусот кога се работи за тенискиот свет. Сепак, има и една неспортска многу важна работа која се случува во тенисот, а тоа е антимонополската тужба која ја поднесе Асоцијацијата на професионални тенисери (ПТПА).
Асоцијацијата која е формирана од Новак Ѓоковиќ и Васек Поспишал поднесе тужба против АТП, ВТА, ИТФ и меѓународната агенција за интегритет на тенисот. Од ПТПА се пофалија дека повеќе од 300 тенисери и тенисерки ја потпишале тужбата, но еден од најдобрите, Карлос Алкарас, не е на таа страна.

„Искрено, тоа беше нешто сосема изненадувачки за мене. Вистината е, никој не ми кажа ништо за ова. Вчера преку социјалните мрежи видов како има некои тврдења… Тие во својата жалба вклучија нешто што го кажав на прес-конференција, нешто за што не бев информиран. Искрено, јас не го поддржувам ова. Има некои работи со кои се согласувам, а некои не. Но, во основа, не го поддржувам“, изјави шпанскиот тенисер.

Интересно е дека Алкарас и Ѓоковиќ се дел од Мастерсот во Мајами и се во истиот дел од ждрепката, па можно е да има нивен дуел на теренот во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести