Алкарас со победата над сонародникот Рамос се врати на првото место на АТП ранг-листата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас со победата над сонародникот Алберт Рамос Вињолас во второто коло на Мастерсот во Рим, се врати на првото место на најновата ранг-листа на АТП.

Шпанецот од понеделник повторно ќе биде прв светски тениски рекет, откако денеска за 87 минути игра со 6:4, 6:1 го совлада Рамос Вињолас.

Новак Ѓоковиќ кој ја брани титулата на Мастерсот во Рим, имаше само пет бода предност пред Алкарас на ранг-листата, по што беше јасно дека со неговото појавување во Вечниот град, ќе го помине Србинот и повторно ќе биде прв тениски рекет.

Сигурен настап во второто коло имаа Андреј Рубљов кој во два сета беше подобар од Словакот Молчан, како и Борна Чориќ кој го совлада Бразилецот Монтеиро.

- Оглас -

Најнови вести