-7.2 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Алкарас со пресврт до победа над Фриц, речиси го обезбеди првото место на крајот на 2025

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас во трилер кој траеше речиси три часа извојува победа над Тејлор Фриц во второто коло од групната фаза на завршниот турнир, кој се игра во Торино.

Американецот кој лани беше финалист во Торино го доби првиот сет со 7-6, вториот му припадна на популарниот Карлитос со 7-5, а во третиот Алкарас триумфира со 6-3.

Ова беше многу значајна победа за светскиот рекет број 1. Сега на Алкарас му треба само уште една победа, во третото коло од групата против Лоренцо Музети или подоцна во полуфиналето, за да си го обезбеди првото место на АТП-листата на крајот на 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести