Баерн Минхен и Атлетико само за едно полувреме веќе „обезбедија“ место во четвртфиналето на ЛШ

Неверојатно делуваат резултатите во Мадрид и во Бергамо само по едно полувреме во осминафиналето во Лигата на шампионите. Атлетико Мадрид имаше старт од соништата. По грешката на голманот на Тотенхем, Љоренте погоди за 1:0 за мадридскиот тим во шестата минута и тој погодок може да го видите ТУКА.

Мадриѓани продолжија да напаѓаат и да постигнуваат голови. Следуваа погодоците на Гризман во 14-тата минута, на Хавиер Алварес една минута подоцна, а веќе во 22-рата минута Атлетико водеше со 4:0 благодарение на голот на Ле Норманд. Интересно е дека топката едвај ја помина гол-линијата и само со помош на гол-технологијата беше потврден овој погодок, кој може да го видите ТУКА.

Малку надеж за гостите од Лондон донесе погодокот на Шпанецот Педро Поро во 26-тата минута. Интересно е дека голманот на Тотенхем Гинсли беше заменет само по 16 минути игра, откако направи две грешки по кои прими два гола, а во тој момент неговиот тим губеше со 3:0.

Баерн Минхен на гостувањето кај Аталанта во Бергамо води со 3:0 и уште сега може да се рече дека најтрофејниот германски клуб си обезбеди место во четвртфиналето на ЛШ. Станишиќ во 12-тата минута погоди за 1:0 за гостите, а потоа следуваа и погодоците на Олисе во 22-рата минута и на Гнабри во 25-тата минута, кога веќе беше 0:3 за гостите.

Најнеизвесно е во Њукасл, каде што домашниот тим и Барселона играат без голови по првото полувреме.

Во првиот натпревар од осминафиналните пресметки, Галатасарај со 1:0 го победи Ливерпул. 

 

- Оглас -

Најнови вести