Карлос Алкарас по триумфот во првото коло на УС опен зборуваше за ривалството и пријателството што го има со Новак Ѓоковиќ.
„Јасно е дека имаме големо ривалство. Секогаш кога излегуваме на терен, има многу високо ниво на тенис. Секогаш кога играме, тоа е добар и неизвесен меч”, објасни Алкарас.
Шпанецот вели дека има одличен однос со српскиот тенисер.
„Имаме убаво пријателство надвор од теренот. Често зборуваме во соблекувалната, секогаш кога ќе се видиме, зборувам и со неговиот тим“, вели Шпанецот.
Сепак, ситуацијата се менува кога се среќаваат на теренот.
„Кога излегуваме на терен, тогаш пријателствата ги нема. На целиот Тур. Надвор од теренот имам многу добар однос со многу играчи. Еден од нив е и Новак“, објасни Карлос Алкарас.