Манчестер сити обезбеди пласман во полуфиналето на Лига купот откако на „Етихад“ славеше победа од 2-0 против Брентфорд.
Рајан Шерки беше играчот кој го отвори резултатот во 32-рата минута постигнувајќи ефектен гол. По изведен корнер, тој ја дочека топката и од околу 20 метри упати вистински „проектил“ во аголот за водство од 1-0.
Во второто полувреме Савињо ја потврди победата со погодок за конечни 2-0.
Со оваа победа Манчестер сити го продолжува својот настап во натпреварувањето во кое минатата сезона беше елиминиран уште во осминафиналето, додека за Брентфорд ова значеше крај на настапот во Лига купот.

