Карлос Алкараз – Рафаел Надал ќе биде второто полуфинале на егзибицискиот турнир „Слем Шест кралеви“ во Ријад, Саудиска Арабија. Во другиот утрешен полуфинален двобој, битка ќе бидат Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, па публиката ќе ужива во овие тениски спектакли.
Откако Синер го разби Медведев, во вториот дуел кој се одигра вечерва, Алкараз беше подобар од Холгер Руне со 6-4, 6-2, и си закажа пресметка со славниот сонародник Надал.
Руне и Медведев иако одиграа само по еден меч и не освоија ниту сет, заработија по 1,5 милиони евра, а победникот на турнирот ќе добие дури 6 милиони, што е најбогата награда во светот на тенисот.