Ваков поен во тенисот не сте виделе, чудно правило кое ретко кој го знае (Видео)

Мечот од првото коло во двојки на Мастерсот во Мајами помеѓу Германецот Кевин Кравиц и Австриецот Нил Оберлајтнер против Бенџамин Китеј и Рајан Сегерман од САД немаше да биде толку интересен за светската јавност доколку немаше еден „луд“ момент.

Првите двајца победија во два сета со по 6-4, но Китеј го одбележа дуелот со поен за кој многу љубители на тенисот не би знаеле дали беше регуларен. Навистина необична ситуација.

Имено, Китеј стигна до топката што беше испратена преку ширината на теренот и успеа да ја префрли во противничкото поле, но дури откако таа прво ја погоди шипката што ја држи мрежата од страна. Тој веднаш прослави, знаеше дека поенот важи. 

Вакви работи ретко се гледаат, а правилата се јасни во вакви ситуации. Бидејќи станува збор за натпревар во двојки, таа шипка држач се смета за дел од теренот и нејзиното допирање автоматски не е аут… Доколку на истата мрежа се играше натпревар во сингл, овој поен немаше да биде регуларен. 

- Оглас -

Најнови вести