Карлос Алкараз со освојвањето на „Ролан Гарос“ во Париз, денеска стана првиот тенисер во историјата кој пред да наполни 22 години освоил гренслеми на три различни подлоги (трева, тврда подлога и земја).
Од гренслемите, му фали само Австралијан опен. Досега најмлад играч со освоени гренслеми на три различни подлоги беше Рафаел Надал со 22 години и 7 месеци. На 22 години тоа го има направено и Матс Виландер, Роџер Федерер чекаше до својата 27-ма година, а рекордерот по број на гренслем титули, Новак Ѓоковиќ, на 29-годишна возраст стигна до таков подвиг.
Пред девет години, како 12-годишно момче, Алкараз има дадено изјава дека ако стане професионален тенисер, животна желба му е да ги освои Вимблдон и „Ролан Гарос“. Сега има 21 година и веќе ги има освоено овие два веројатно и најважни турнири на светот.
https://twitter.com/i/status/1799857877936673115