Сан Антонио со победа од 40 поени разлика потврди дека е НБА тим во најдобра форма

Победата на Сан Антонио спарс од 131-91 против Филаделфија сиксерс ја одбележа богатата вечер во НБА-лигата. За Спарс, кај кои Виктор Вембањама даде само 10 поени и им заврши серијата од девет гостувања по ред, тоа беше 12-та победа на последните 13 меча и тимот цврсто го држи второто место на Западот.

Убедлив беше и Шарлот против Денвер, 117-90 и тоа за Хорнетс беше петта победа по ред. Четири победи едноподруго има Минесота, која благодарение на 41 поен на Ентони Едвардс, славеше 117-110 против Мемфис. Кливленд и без Донован Мичел го совлада Детроит со 113-109 во еден од поинтересните мечеви синоќа. Кавалирс има 8-1 кога игра Џејмс Харден.

Сите петмина стартери на ЛА лејкерс имаа двоцифрен број поени (Лука Дончиќ уфрли 27 поени, Леброн Џејмс имаше 21) и Езерџиите триумфираа против Њу Орлеанс со 110-101. Њујорк никс беше подобар од Торонто со 111-95, што за Никс е 12-та победа во низа во дуелите со канадскиот тим, а њујорчаните станаа и третиот тим на Истокот со 40 победи сезонава.

- Оглас -

Најнови вести