Реал Мадрид не дозволи изненадување и се пласираше во полуфиналето на Светското клупско првенство. Кралскиот клуб со 3:2 славеше над Борусија Дортмунд, во меч кој имаше луда завршницата.
Уште во првите 20 минути Реал постигна два гола и брзо стигна до комотна предност. Се чинеше дека нема да има возбудувања до крајот затоа што тој резултат од 2:0 беше активен до 90+3 минута, но во финишот се случи шоу на теренот.
Борусија прво намали на 1:2, па Реал постигна гол за 3:1, за да на крајот Милионерите од Дортмунд погодат од пенал за 3:2, а еден играч на Реал добие црвен картон. По средбата, тренерот на Реал, Чаби Алонсо беше задоволен, а само со една кратка реченица објасни што се случуваше во последните минути.
„Тоа е фудбалот“, рече Алонсо, па потоа продолжи: „Ние го контролиравме мечот. Се опуштивме во последните десетина минути. Ја загубивме концентрацијата, не ја покажавме формата која ја покажувавме во претходните средби. Сепак, најважно на крајот е дека одиме понатаму. Факт е дека треба да ја подобриме играта во последните 10 минути“, рече Алонсо.
Следен противник на Реал Мадрид ќе биде Пари Сен Жермен, кој е актуелен европски првак.
„Дуелот со ПСЖ ќе биде огромен предизвик за нас. Досега бевме фокусирани на мечот против Борусија, а од сега ќе размислуваме за ПСЖ“, додаде предводникот на Баерн Минхен.