Сезоната за Реал Мадрид во Ла Лига ќе започне малку подоцна од останатите екипи, па Кралевите утре ќе ја пречекаат екипата на Осасуна. Флорентино Перес долго се обидуваше да го одложи овој меч, но раководството на Ла Лига не дозволи, па Реал Мадрид само со две недели тренинг ќе мора да истрча на „Сантијаго Бернабеу“.
„Возбудени сме и со нетрпение чекаме да ја започнеме сезоната. Имавме две интензивни недели тренинг и сега единственото што го сакаме е да истрчаме на ‘Бернабеу’. Првиот меч секогаш е важен и сакаме да започнеме со добар резултат. Сигурен сум дека имаме уште простор да се подобриме, но темелите ги поставивме на Светското првенство“, вели тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, во пресрет на мечот со Осасуна.