Барселона вчера го промовира повратникот во тимот, Дани Алвес. Ветеранот кој има 38 години реши да се врати во каталонскиот гигант и да му помогне до крајот на сезоната.
Алвес ќе биде еден од најслабоплатените фудбалери во Примера дивисион потпишувајќи го минималниот договор за играчи во шпанската елитната лига, а тоа е 250.000 евра на годишно ниво.
На договорот што го потпиша стои дека откупната клаузула на Алвес е 100 милиони евра, што е неверојатно ако се знае дека договорот му истекува на крајот од сезоната.
Од Барселона најавија дека нема да купуваат нови играч во јануарскиот преоден рок затоа што клубот има проблеми со селери капат. Поради истата причина, Барселона не успеа да го задржи Меси на „Камп ноу“, кој по повеќе од две децении си замина од клубот.
„Во овој момент нема никаква шанса да доведеме нов играч во јануарскиот преоден рок. Сепак, има уште еден и пол месец до почетокот на зимскиот преоден рок и ќе видиме дали дотогаш ќе се смени ситуацијата“, вели спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани.