Дани Алвес најубавите години во кариерата ги помина во дресот на Барселона, кој го носеше во периодот од 2008 до 2016 година. За тие осум години, Алвес освои неверојатни 23 трофеи со каталонскиот гигант и тоа е најголемата причина што Бразилецот со текот на годините стана најтрофејниот фудбалер во историјата.
Откако во 2016 година си замина од „Камп ноу“, Алвес играше за Јувентус, Пари Сен Жермен и Сао Пауло, од каде што неодамна си замина. Алвес остана без клуб, а тоа беше знак за Барселона повторно да го врати легендарниот играч.
Иако веќе има 38 години, Алвес е потребен во Барселона. Бразилецот денеска ја имаше промоцијата на „Камп ноу“, а ветеранот се радуваше и скокаше од среќа како мало дете.
„Мило ми е што се вратив тука. Сакам да му донесам уште многу нови радости на тимот. Тоа е мисијата на Чави, тоа е мојата мисија. Барселона е повеќе од клуб“, рече Алвес.
Back in the Blaugrana! pic.twitter.com/oHNLh875WN
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 17, 2021
Алвес одигра вкупно 391 меч за Барселона, а постигна 21 погодок. Освои дури 23 трофеи во буквално сите најсилни натпреварувања. Во Примера дивисион има шест шампионски трофеи за осум сезони.