Алвес се врати со магична асистенција, но Гранада во 89 минута го расипа славјето (видео)

По речиси шест години, Дани Алвес повторно се врати во шпанското првенство и нормално во дресот на Барселона. Ветеранот покажа дека неговото искуство ќе биде многу значајно и токму Алвес асистираше за погодокот на Лук де Јонг во 57 минута.

Тоа беше гол за водство на Барселона од 1:0, но за нивна жал се покажа недоволно за триумф. Алвес во мај 2016 година последниот меч го играше против гранада и тогаш имаше асистенција, а сега враќањето повторно му е на дуел против Гранада и повторно асистираше.

Во 80 минута, тинејџерот Гави го доби првиот црвен картон во кариерата и на тој начин ги остави своите соиграчи на цедило.

https://twitter.com/i/status/1479894037087735808

Гранада во финишот нападна и тоа се исплатеше за домаќините. Во 89 минута, по еден корнер, Пуертас погоди за 1:1.

https://twitter.com/i/status/1479896478097231876

- Оглас -

Најнови вести