Дани Алвес со 38 години е најстариот фудбалер во редовите на Барселона, но на последниот меч против Атлетик Билбао тој откри какво „дете“ е. Бекот при еден од лизгачките стартови, ги откри своите „боксерици“, а тој момент не пропушти да го објави и на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Барса оствари нова убедлива победа, и тоа со 4:0, со што продолжуваат добрите игри под водство на Чави.
Вториот највозрасен играч во тимот е Жарарт Пике со 34 години, а зад него следува Серхио Бускетс со 33. Најмлад играч во првиот тим на Барселона е суперталентот Гави само со 17 години.