Дани Алвеш долги години водеше големи битки со Кристијано Роналдо. Бразилскиот десен бек имаше за задача да ги сопре налетите на Роналдо во дресот на Реал Мадрид, а сега даде една интересна изјава.
„Јас сум поблиску до Роналдо, отколку до Меси. Роналдо е пример за нас неталентираните дека со напорна работа може да се дојде до самиот врв.
Меси е од друга планета и тој е природен талент. Навистина беше тешко, скоро невозможно да се сопре Роналдо и тој е навистина еден од најдобрите фудбалери во историјата“ изјави Алвеш.