Алвеш: Реал Мадрид има среќа што не дојдовме во Барса некој месец порано

После победата на Барселона над Реал Сосиедад од 1-0, Каталонците се искачија на второ место во шпанското првенство и го одложија шампионското славје на Реал Мадрид најрано за 30-ти април.

Титулата е далеку за Барса, па сега целта им е да бидат барем втори. Барселона имаше големо заостанување во првиот дел од сезоната, а потоа го сменија тренерот, донесоа неколку засилувања, некои од повредените оздравеа, па почнаа да редат резултати какви што очекуваа.

Бразилскиот ветеран Даниел Алвеш кој истотака се приклучи во јануари, смета дека лидерот Реал Мадрид кого го победија со 4-0, имал среќа.

„Доцна дојдовме, затоа сега се бориме за второ место. Реал имаа среќа што не дојдовме во Барса порано сезонава, но таков е животот“ – рече најтрофејниот фудбалер во историјата.

- Оглас -

Најнови вести