9.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Трансферот на Матета во Милан пропадна поради стара повреда на коленото

Трансферот на напаѓачот Жан-Филип Матета од Кристал палас во Милан пропадна. Италијанскиот клуб извршил дополнителни проверки и проценки на здравствената состојба на францускиот фудбалер, по што била донесена конечната одлука. Таа се темели на медицинските прегледи на 28-годишниот напаѓач на англискиот тим.

Според италијанските медиуми, стара повреда на коленото е причината за пропаѓањето на зделката.

Првично се сметаше дека Милан ќе го откупи Жан-Филип Матета за 30 милиони евра.

Напаѓачот има постигнато осум гола на 23 натпревари во дресот на Кристал палас во тековната сезона.

- Оглас -

Најнови вести