Американец бара отштета од дури 867 трилиони долари – го вознемириле Шакира и Џеј Ло

Некогашниот тренер на средношколски тим во американски фудбал, Дејв Добенмаер, поднел тужба до судот во Охајо, против НФЛ лигата, спонзорот Пепси, телевизијата Фокс, и уште неколку компании, поради она што му се случило на Супербоулот во Мајами. Тој се жали што на полувремето од натпреварот, имало „меко порнографско шоу“ во изведба на Шакира и Џенифер Лопес.

„Сакав да гледам американски фудбал, а не невкусен танц. Тие внесоа грев во мојот дом. Супербоул е спортска манифестација која ја гледа и младата популација. Она што го гледаа децата беше мека порнографија“ – изјавил Добенмаер кој е христијански пастор.

Добермаер во тужбата бара отштета од неверојатни 867 трилиони долари. Да, трилиони, со бројот 867 напред и уште 12 нули.

- Оглас -

Најнови вести