Американец ја бара убавата Иранка – ќе ѝ даде „зелена карта“ само да биде негова

Освен фудбалските вештини на играчите на теренот, Светското првенство во Катар е место каде што на трибините можат да се видат голем број убави жени. Репрезентацијата на Иран беше една од оние селекции кои беа во фокусот на вниманието дел поради немирите и протестите во земјата, дел поради солидните игри на фудбалерите кои не сака да ја пеат химната, а дел и поради убавите жени од оваа земја кои се појавија на трибините.

На дуелот против САД, во телевизискиот пренос беше покажана една убава девојка од Иран, која очигледно освои многу симпатии. Еден навивач од САД кој ја видел девојката на ТВ-преносот, преку социјалните мрежи упати барање некој да му каже каде е и ако сака да ѝ помогне да добие дозвола за влез во САД.

„Ако некој ја познава оваа девојка и ако сака зелена карта да побегне од иранската тиранија, нека ми пише порака“, стои во пораката на твитер-профилот на Џои.

- Оглас -

Најнови вести