Пред три години на Олимпијадата во Токио, Мутаз Баршим од Катар и Џанмарко Тамбери од Италија имаа идентичен резултат и идентична серија во скок во височина, па прифатија да го поделат златниот медал.
Слична ситуација имаше и синоќа во Париз, но со различен епилог. Хамиш Кер од Нов Зеланд и Шелби Мекеван од САД имаа прескокнато по 2.36 со идентични серии, па им беше понудено да го поделат златниот медал, но американскиот скокач во височина одби, па се премина на дополнителните скокови за да се одреди победникот.
Најпрво двајцата не успеаја да прескокнат 2.38, ниту 2.36, а атлетичарот од Нов Зеланд беше успешен на 2.34, нешто што не му успеа на Мекеван, па на крајот остана без понудениот златен медал.
Навистина луда одлука на атлетичарот од САД, кој на крајот мораше да се задоволи со сребрениот медал, а златото го освои Кер од Нов Зеланд. Бронзениот медал му припадна на Мутаз Баршим од Катар.