Американецот што го одби МЗТ, сега потпиша за Работнички

Американецот Двејн Бенџамин е нов играч на Работнички. Тој е третиот Американец кој летово го стави потписот со тимот од „Градски парк“ откако претходно тоа го направија Крис Кокли и Лескот.

Бенџамин е познато име во македонската кошарка. Пред две сезони го носеше дресот на Блокотехна и беше еден од најдобрите играчи во првенството. Во сезоната 2017/18 беше избран за најкорисен играч во БИБЛ. Минатото лето, Бенџамин беше на цел на МЗТ Скопје Аеродром, но Американецот реши да замине во екипата на Пардубице во Чешка. И без Бенџамин, МЗТ на крајот успеа да ја освои титулата во првенството.

Пред да дојде во Македонија, тој има играно и за австралискиот Бакс од Гералтон, данскиот Бакен Берс, а има играно за колеџот Орегон.

 

- Оглас -

Најнови вести