Американката Меклафлин-Леврон постави нов светски рекорд на 400 метри со пречки

Американската атлетичарка Сидни Меклафлин-Леврон постави нов светски рекорд на 400 метри со пречки Ова се случи на националните олимписки квалификации во Јуџин за настап на ЛОИ во Париз.

Таа патеката ја истрча за 50,65 секунди и го подобри сопствениот светски рекорд поставен пред две години на Светското првенство во Јуџин (50,68 секунди).

Американката освои златни медали на 400 метри со пречки и во штафетата 4 × 100 метри на Олимписките игри во Токио

- Оглас -

Најнови вести