Американките ја направија разликата, историска куп титула за женскиот тим на МЗТ!

Женскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром за првпат е освојувач на Купот на Македонија, и најавува можно испишување на историја, за првпат во купот во иста година да победат и машкиот и женскиот тим на еден ист клуб.

Аеродромки во финалето беа подобри од Баскет КАМ со 75-60. МЗТ почна одлично, првата четвртина ја доби со 21-8 и најави дека е подготвен за освојување на трофејот.

Во тимот на Вела Красниќ, се истакнаа Американките Ли и Симонс, кои заедно постигнаа 51 поени и беа најзаслужни за победата, а Митрева имаше дабл-дабл од 13 поени и 10 скока. Интересно е што МЗТ целиот меч го одигра со истата петорка. Николов со 23 и Тасевска со 15 поени беа најдобри кај Баскет КАМ.

- Оглас -

Најнови вести