Американски талент наместо во Јувентус, заврши во Рома

Талентираниот десен бек Брајан Рејнолдс е нов фудбалер на Рома кој на „Олимпико“ пристигна за сума од седум милиони евра.

Досегашниот талент на Далас, клубот од МЛС, стана втор Американец во историјата на Римската волчица, по Мајкл Бредли.

Десниот бек беше на прагот да потпише за Јувентус, меѓутоа тој трансфер пропадна откако младиот фудбалер одби да биде проследен во Беневенто на позајмица до крајот на оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести