Американскиот селектор позираше со дрес на Македонија!

Македонскиот тренер Влатко Андоновски, кој живее и работи во САД, а во моментов е и селектор на женската сениорска фудбалска репрезентација на таа земја, која е актуелен светски првак, беше во посета на Куќата на фудбалот, ФФМ. Генералниот секретар на Федерацијата, Филип Поповски, на некогашниот фудбалер му врачи дрес од македонската репрезентација.

Андоновски неколку месеци е на чело на моќниот национален тим на САД, а во ФФМ потсетија дека тогаш му посакаа успех и среќа на нашиот тренер.

„Баш е убаво кога добри работи им се случуваат на луѓе кои се чесни кон својата работа, кои не калкулираат и знаат што сакаат во животот!
Влатко е голем господин, честитки!“, порачаа тогаш од ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести