Раководството на Севиља веќе неколку години мака мачи со финансиски проблеми, а како еден од начините за излез од кризата се гледаше на продажбата на дел од акциите и влез на инвеститор.
Блиску до такво нешто беше американски конзорциум, кој понуди по 3.400 евра за една акција, но по деталната анализа, се чини дека Американците се оладија и ја спуштија цената на 2.700.
И кога се чинеше дека нема да има ништо од продажбата, финансиските извештаи ги побара и Серхио Рамос, легендата на Реал Мадрид, кој потекнува токму од клубот од провинцијата Андалузија.
Дали Серхио Рамос планира да купи акции или има потенцијален инвеститор кој стои зад него, останува да се види, но поранешниот шпански репрезентативец веќе има искуство со инвестиции во фудбалски клубови бидејќи веќе е еден од сопствениците на Сан Фернандо.

