Одбојкарите на САД немаа милост кон еден од двата домаќини на Мундијалот, Бугарија и ја декласираа со 3:0 во сетови.
На домаќините им беше потребна победа за да бидат блиску до следниот круг и пласман во завршницата, но Американците одиграа чесно и славеа убедливо.
Првиот сет го добија со 25:20, идентично беше и во вториот сет, а крајот беше уште поубедлив со 25:18 за лидерот во Г групата. САД има 7 победи и сигурно ќе игра во завршницата, а Бугарија, Иран и Канада имаат речиси еднакви шанси за второто место.
Претходно Канада го победи Иран со 3:2, Србија и Белгија беа убедливи со по 3:0 против Аргентина, односно Австралија, а Холандија ја победи Финска со 3:1.