Американците останаа без медал на кошаркарското СП!

Репрезентацијата на Канада го освои бронзениот медал на Светското првенство во кошарка за мажи, откако денеска во утешниот меч, ги совладаа Американците со 127-118, по продолжение од пет минути.

Дилон Брукс со 39 и Шај Гилџиус Александер со 31 поен, беа творци на победата на Канаѓаните во дуелот за бронза. Ова е прва победа за Канада против соседите во еден кошаркарски меч на големите натпреварувања (СП или Олимписки игри).

- Оглас -

Најнови вести