Победата на Ливерпул против Лидс од 4-3 во спектакуларното отворање на новата сезона урна рекорд за најгледан премиерен меч во САД. Дури 1,53 милиони гледачи преку малите екрани го проследија класикот на „Енфилд“ во кој англискиот првак славеше против првакот од Чемпионшип лигата.
Дуелот беше емитуван на три спортски канали, што само ја потврдува заинтересираноста на Американците за најатрактивната лига во Европа. Секако, Ливерпул има придобивки што брендот е препознат во САД, со оглед на тоа дека сопственици на англискиот шампион се „Фенвеј спортс“ групацијата.
Преку оваа компанија Леброн Џејмс поседува акции во Ливерпул, па и неговата популарност исто така има мала улога за големата фан-база на Црвените преку Барата.