Ливерпул избегна сензација против одличниот Лидс во голеадата на „Енфилд роуд“ (Видео)

Мохамед Салах постигна хет-трик, а со неговиот втор прецизно изведен пенал во 88. минута Ливерпул го победи Лидс со 4:3 во премиерниот меч за двете екипи во новата сезона во англиското првенство.

Храбриот план на Марсело Биелса беше одличен за Лидс, екипа што одигра храбро и многу квалитетно и му покажа заби на големиот фаворит.

Ливерпул четири пати имаше предност, но Лидс трипати израмнуваше и беше на прагот да освои голем бод на „Енфилд роуд“.

Салах погоди од белата точка во четвртата минута и најави сигурен од на шампионот, но Ливерпул се мачеше со гостите кои го играа првиот меч во Премиер лигата по долга пауза од 16 години.

Дека не се плашат од првакот, гостите покажаа во 12. минута кога изведоа прекрасна акција што ја почна Филипс, а ја заврши со фантастичен гол Харисон.

Потоа Ван Дајк му ја врати предноста на Ливерпул, па Баммфорд израмни на 2:2, а шампионот замина на одмор по првото полувреме со убавиот гол на Салах.

Клих повторно покажа дека сезонава Лидс ќе биде многу незгоден ривал во Премиерлигата, со гол во 66. минута, но Салах со нов гол од пенал им ја скрати можноста за подвиг на гостите.

https://twitter.com/FTTV10/status/1304841256380530689?s=20

За Лидс на премиерниот меч не играше Езџан Алиоски, кој остана на клупата за резерви.

https://twitter.com/FTTV10/status/1304846783948959746?s=20

- Оглас -

Најнови вести