18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Американците против Австралија покажаа две лица

Кошаркарската репрезентација на САД извојува победа над Австралија од 98-92 на контролен натпревар во Абу Даби.

Главните фаворити за златото на ЛОИ во Париз, првото полувреме го добија со 16 поени разлика, но во последната четвртина беа опуштени во одбраната, па дури и постоеше опасност да им биде загрозена победата.

Ентони Дејвис имаше 17 поени и 14 скока, Девин Букер уфрли 16 поени, Ентони Едвардс 14 поени, а Леброн Џејмс, Џоел Ембид и Бам Адебајо постигнаа по 10 поени во моќниот американскиот тим во којшто се и други ѕвезди, како Стеф Кари, Џејсон Тејтум, итн.

- Оглас -

Најнови вести