Американците пуштија видео кое го расплака Надал (Видео)

Рафаел Надал уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Во неверојатно финале кое траеше речиси пет часа, Шпанецот со 3:2 во сетови го победи Данил Медведев и ја освои титулата на САД Опен. 

По завршување на мечот, двајцата тенисери чекаа да започне церемонијата на доделување на трофеите, а во тој момент, организаторите во Њујорк пуштија видео, кое едноставно го расплака Надал. Тоа беше видео на кое се гледаат сите 19 освоени Гренд слем титули на Шпанецот во кариерата.

https://youtu.be/-PZpswxtWao

- Оглас -

Најнови вести