Американците со два прекрасни гола го победија Мексико за титула во Лигата на нациите (Видео)

Репрезентацијата на САД го совлада Мексико со 2-0 во финалето на Лигата на нациите во КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка) и дојдоа до третиот трофеј во третата сезона во ова натпреварување.

Стрелци на головите беа Тајлер Адамс (беше стартер за националниот тим првпат по 478 дена) и Џовани Рејна.

Американците во Лигата на нациите дома имаат одиграно 11 меча и сите ги добија. Мексико за првпат во својата историја има црна серија од седум меча по ред без победа против САД. Пет победи на Американците и две ремија е скорот на последните седум пресметки против Мексико.

Погледнете го голот на Адамс за водство на САД од 1-0:

https://twitter.com/i/status/1772082193520619738

- Оглас -

Најнови вести