Арсенал има предност од девет бода пред Манчестер сити и Астон вила на врвот од Премиер лигата, но Микел Артета е претпазлив, иако вели дека е задоволен од досега сработеното.
„Многу сум задоволен од победата, од голем дел од нашата игра и од чистата мрежа, затоа што ова е навистина тежок противник. Тие се навистина добри во тоа што го прават – ја кршат играта, играат до последната линија, го пробиваат пресингот и ја задржуваат топката. Многу е тешко континуирано да се создаваат закани и инерција, но ние го знаевме тоа. Првиот гол навистина помогна да се отвори таа фаза од натпреварот, а потоа на теренот влегоа играчите кои го завршуваа натпреварот и веднаш имаа огромно влијание.“ – е отценката на Артета за мечот против Сандерленд.
Шпанецот се осврна и на комплетната сезона и го потенцираше густиот распоред според кој мора да играат на секои три дена.
„Многу сум задоволен од тоа што го прават играчите на секои три дена и тие заслужуваат признание. Сè уште има многу пред нас за да го постигнеме она што го сакаме, па затоа да се фокусираме на тоа. Денес си ја завршивме работата, го направивме она што требаше, сега треба да ја анализираме играта, да се обидеме да ја подобриме и да се подготвиме за натпреварот со Брентфорд.“ – додаде Артета.

