31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Аморим го враќа Ристовски како стартер за меч со омилениот ривал на Спортинг

Стефан Ристовски вечерва ќе биде во стартната постава на Спортинг за првпат во ерата на новиот тренер на Лавовите, Рубен Аморим, и тоа кај омилениот противник Белененсеш.

Македонскиот репрезентативец не играше на првите два меча откако најскапиот тренер во историјата на Спортинг пристигна во клубот. За Аморим, Лавовите од Лисабон ѝ платија на Брага 10 милиони евра отштета, а тој одлучи Ристовски за почеток да биде резерва.

На третиот меч против Тондела, Стефан играше околу 25 минути, па вечерва од 20.15 часот во Оеирас се очекува да го почне мечот.

Интересно е што Спортинг на последните две гостувања кај Белененсеш успеа да постигне дури 12 гола. Во април 2018 година Лисабонските лавови славеа со 4:3, а една година подоцна во нов првенствен меч го декласираа домаќинот со 8:1.

 

 

- Оглас -

Најнови вести