21.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Аморим: Конечно фудбалот е фер, ние бевме подобриот тим

Манчестер јунајтед вчера донесе малку радост за своите навивачи откако со 3:2 славеше над Барнли во меч од третото коло на Премиер лигата. Црвените ѓаволи два пати водеа, но гостите израмнуваа, за да сепак, на крајот во судиското надополнување, Манчестер јунајтед постигне и трет гол и тоа за победа и голема радост на „Олд Трафорд“.

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим конечно малку е среќен што неговиот тим победи. Португалскиот стратег вели дека Манчестер заслужено победи.

„Бев фрустриран како и секој навивач на Јунајтед, имавме шанси да постигнеме повеќе голови, да создадеме повеќе шанси. Денес, фудбалот беше фер – ние бевме подобриот тим. Некои моменти се навистина одлучувачки. Понекогаш не игравме толку добро, но можете да го видите напорот на сите на теренот кои сакаат да победат“, реле Аморим, додавајќи: „Многу сум среќен што победивме. Ова е победа на целиот тим не само на одреден луѓе. Сите многу напорно работевме за да стигнеме до победата“.

- Оглас -

Најнови вести