Аморим може да се фали како Ибрахимовиќ: Да дојдеше порано, Спортинг ќе биеше битка за титула

Рубен Аморим може да се фали како Златан Ибрахимовиќ и да дојдеше порано, или на почеток на сезоната со него како тренер, Спортинг Лисабон ќе беше кандидат за титулата, пишуваат португалските новинари.

Вечерва, Стефан Ристовски и соиграчите ја забележаа петтата победа победа на седмиот меч со Аморим на кормилото и се уште немаат пораз. Учинокот со 35-годишниот стартег како кормилар им е пет победи и две нерешени.

На празниот „Жозе Алвеладе“ вечерва Спортинг ја победи Санта Клара со 1:0 со голот на Жуване Кабрал и ја продолжи пост-корона серијата од седум меча без пораз.

Популарните „Лавови од Лисабон“ имаат најдобар ефект по рестартот на Примеира и освоија 17 од можните 21 бод, што е најголема бодовна залиха од сите екипи во Првата португалска лига.

Моментно на три кола до крајот на шампионатот Спортинг е на третото место со 59 бода, зад лидерот Порто со 76 бода и Бенфика со 68.

Аморим пристигна на кормилото на Спортинг на почетокот на март годинава, или само неколку дена пред прекинот на првенството поради пандемијата со Ковид-19.

За него Спортинг и плати на Брага отштета од 10 милиони евра, што е највисока за тренер во историјата на португалското првенство и трета највисока во светскиот фудбал, зад Вилјаш Боаш и Брендан Роџерс.

- Оглас -

Најнови вести