12.8 C
Skopje
недела, 2 ноември 2025

Аморим по ремито против Нотингем: „Ако не победивме, барем не загубивме“

Манчестер јунајтед имаше серија од три победи по ред, но одигра нерешено против Нотингем Форест, иако имаше водство, а на крајот се спасуваше од пораз. Сепак, Рубен Аморим е задоволен и од нерешениот исход и како што вели, барем не загубиле.

„Мислам дека ова е добар резултат во споредба со претходните натпревари. Имавме пет минути во кои бевме надвор од игра, но ги совладавме емоциите и продолживме да се бориме. На крајот имавме одлична можност, но немавме среќа. Ако не сме во најдобра форма, тоа се забележува, но денес реагиравме правилно. Мора да играме со иста енергија дома и на гости. Се подобруваме, мислам дека тоа е очигледно. Веќе го имаме чувството дека ако не победиме, барем нема да изгубиме. Тоа е напредок, но патот е долг. Ме загрижува само едно – веќе е ноември. Задоцнивме со подемот. Следната недела против Тотенхем мора да прикажеме подобро издание. Да го земеме сето позитивно од овој меч. Порано ќе изгубевме во ваков сценарио. Сега гледам самодоверба и разбирање меѓу играчите. Имаме лоши моменти, но потоа играме три силни натпревари по ред. Тоа покажува карактер. Постигнавме гол први и ја контролиравме играта, но почетокот на второто полувреме беше слаб – ја изгубивме концентрацијата пет минути, а тоа во Премиер лигата често е доволно. Сепак, се вративме и тоа е добар знак за духот на тимот.“ – рече Аморим по мечот против „шумарите“.

- Оглас -

Најнови вести