9.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Аморим: Победи подобриот тим, всушност единствениот тим што се појави на теренот

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, тешко ја прифати елиминацијата на неговиот тим од Гримзби во „Карабао купот“. Црвените ѓаволи загубија по изведување на пенали, а и во текот на мечот разочараа со својата игра, откако губеа со 0-2 и со голем напор успеаја да израмнат.


Португалскиот стратег не беше задоволен од настапот на своите играчи и изјави дека подобриот тим заслужено победил.

„На крајот, нема никакво значење што успеавме да израмниме. Во текот на целиот натпревар сигналите не беа позитивни. Сметам дека подобриот тим победи, единствениот тим што навистина беше на теренот… Играта на моите фудбалери зборува доволно, тоа е тоа. Ние загубивме, а подобриот тим победи“, истакна Аморим.

Тој беше запрашан да појасни што мисли со тие зборови.

„Мислам дека е сосема јасно, да гледаме напред и да го заборавиме овој ден. Верувам дека сите видоа што се случи. Го почнавме натпреварот без никаков интензитет во играта. Идејата беше да извршиме пресинг, а ние бевме целосно изгубени на теренот. Тоа зборува доволно“, заклучи Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести