Манчестер јунајтед со пораз на својот „Олд Трафорд“ ја започна новата сезона во Премиер лигата. Црвените ѓаволи со 0:1 загубија од Арсенал, што е само продолжување на разочарувањата од минатата сезона.
По мечот, тренерот на Манчестер, Рубен Аморим, имаше пофални зборови за играта на своите фудбалери, но разочаран е поради поразот.
„Одигравме добро. Горд сум на играчите, но, за жал, загубивме. Мислам дека моите играчи одиграа добро, но тешко е кога ќе се загуби ваков натпревар“, рече Аморим, кој постави еден неславен рекорд во последните 15 години во Премиер лигата.
Аморим го претрпе 15-тиот првенствен пораз само во 28 меча како предводник на Манчестер јунајтед. Во последната деценија и пол нема ниту еден тренер на екипа која не е „новајлија“ во Премиер лигата да загуби дури 15 средби во првите 28 меча како предводник.
Португалскиот стратег кој е на чело на Манчестер јунајтед од 2009 година досега го има најлошиот биланс за еден тренер на екипа која не била дел од втора лига, па да се врати во елитата. Во 2009 година, тогашниот тренер на Портсмут, Пол Харт, имаше 15 порази само во 27 натпревари. Сега Аморим стигна до 15 порази во 28 меча (има и седум победи и шест нерешени).